За влезот на Џамбаски во Македонија МВР ќе одлучува по Законот за странци, вели премиерот

Димитар Ковачевски, премиер на РСМ/Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски на прашањето дали на бугарскиот европратеник ќе му се забрани најавеното доаѓање во РСМ на 4-февруари на честувањето на родениот ден на македонскиот револуционер Гоце Делчев, рече дека тоа е процедура пропишана во Законот за странци по кој постапува Министерството за внатрешни работи.

-Конкретните активности се исклучиво во надлежност на МВР и се спроведуваат врз основа на Законот за странци, одредбите кои регулираат кое лице не смее да влезе во државата заради активности кои ги нарушуваат односите односно меѓународните односи на нашата држава, внатрешниот поредок итн. Односно има три детални основи и доколку тоа лице, без разлика дали е политичар или се занимава со некаква друга дејност, сака да влезе во државата, доколку по тие основи се идентифукува од стран ана МВР тогаш се спрооведува процедура и нема да може да влезе во државата. Тоа е процедурата, значи спроведување на законско решение, дециден е премиерот.

Ковачевски рече дека Владата, постапувајќи по заклучоците донесени на седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски во понеделникот, ќе направи се што е во надлежност на Владата со цел да се гарантира мирно и достоинствено обезележување на 4 февруари, роденденот на великанот Гоце Делчев.

Претходно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање дали Џамбаски на 4 февруари ќе биде вратен на граница, кратко одговори дека тој ден ќе одлучат како ќе постапат. За министерот врвен приоритет е Владата да ги зачува мирот и стабилноста во државата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот