За првпат во Македонија, пациент заболен од Ковид -19 тргнат од респиратор

Денеска претпладне во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје од респираторна поддршка е исклучен пациент, кој пред три недели бил примен во тешка состојба, а сега истата му е стабилизирана, дознава 360 степени.

Од почетокот на епидемијата до сега, ова е прв случај на пациент од Македонија кој поради влошена здравствена состојба 12 дена бил на респиратор, а сега веќе нема потреба од таква асистенција. Пациентот е роден 1983 година.

Во Македонија досега починаа 85 лица заболени со ковид-19. Вкупно 1.518 се заразени, од кои 992 лица се излекувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот