За патување со брод до грчките острови треба да се пополни формулар, еве кои прашања ги содржи

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

За грчките државјани и за туристите кои планираат да патуваат на некој од островите во Грција, задолжително е, 24 часа пред тргнувањето да имаат пополнето специјална здравствена изјава, односно формулар што се однесува на ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

За патување со брод, исто така, задолжителен е или сертификат за вакцинација или негативен резултат од направен тест кој може да биде или ПЦР или селф или рапид тест, податоци кои се внесуваа во формуларот.

Конкретниот формулар е задолжителен за сите полнолетни лица, достапен е во електронска верзија преку специјалниот сајт, а при влезот во траектот патниците треба да го имаат специјалниот код што ќе го добијат на мејл по пополнувањето на прашалникот.

Потврдата може да биде или во електронска или во печатена верзија.

Освен личните податоци и податоците за бродот, датумот на патување и крајната дестинација, патнците потребно е да одговорат десет прашања поврзани со ковид-19.

Како што пренесува МИА, првите седум прашања се однесуваат на тоа дали патникот во изминатите 14 дена имал некој од симптомите поврзани со коронавирусот, дали имал контакт со заразено лице, дали се грижел или бил во ист простор или патувал со лице позитивно на ковид-19 итн.

Последните три прашања се поврзани со потврдата за здравствената состојба, односно дали е направен некој од трите тестови што се на располагање (ПЦР, селф или рапид тест) или пак лицето има сертификат за вакцинација.

Без здравствената изјава не дозволено патникот да се качи на брод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот