За неполни три месеци напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

По неполни три месеци од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Македонија, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манојле, напукнал асфалтот.

Кон крајот на мај со музика и огномет, беше отворен Коридорот 10 за сообраќај, а српскиот претседател Александар Вучиќ тогаш кажа дека е отворена најтешката, но и најубавата делница од автопатот низ Србија.

Од Коридорите на Србија соопштија дека пукнатините се појавиле на површинскиот слој и дека проблемот ќе се реши во следните два дена, додавајќи дека автопатот е безбеден за сообраќај.

Српски медиуми потсетуваат дека изградбата на автопатот преку Грделичка клисура бил проследен со бројни проблеми – од постојан пробив на роковите, паѓање на косините, до промена на проектот.

– По отворањето, граѓаните се пожалија дека косините низ Грделичката клисура не се безбедни, а властите потоа рекоа дека тие не паднале, туку само така изгледа – објавија медиуми во Србија.

„Експертите оценија дека работите на Коридорот 10 доцнат поради слабата подготовка на работите и на проектната документација, нереалните ветувања дадени од политички причини, но и поради недостатокот на домашни градежни фирми кои ќе ја извршат оваа задача на најсоодветен начин“, наведуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот