За неколку дена вонредна седница на руската Дума

Руската Државна дума
Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Долниот дом на рускиот Парламент ќе одржи вонредна седница на 15 јули, одлучи советот на Парламентот, само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека се уште не почнал сериозно да се занимава со војната во Украина.

Путин пред три дена ја искористи средбата со парламентарните лидери за да ги предизвика САД и нивните сојузници да се обидат да ја поразат Русија во Украина

Рускиот парламент, во кој доминира партија која секогаш го поддржува Путин, не откри за што ќе се разговара на вонредната седница.

Владимир Василјев, претседател на партијата Единствена Русија, која има 325 од вкупно 450 места во Парламентот, рече дека пратениците на седницата ќе разговараат за повеќе од 60 прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот