За 24 часа има 60 новозаразени со коронавирус во Црна Гора

Фото: EPA/ Boris Pejovic

Во Црна Гора во последните 24 часа се потврдени 60 новозаразени со коронавирус, додека едно лице почина.

Вкупниот број на спроведени ПЦР тестови во Црна Гора, броејќи ги и анализите спроведени во Германија е 28.219, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во последните 24 часа се анализирани 477 примероци на коронавирус. Најмногу новозаразени има од Подгорица – 24, Никшиќ – 12, Тиват – шест.

Бројот на моментално активни случаи во Црна Гра се 1.582.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот