„Xiaomi“ го претстави својот функционален хуманоиден робот

Xiaomi
„Xiaomi Robotics Lab“ го претстави роботот „Xiaomi CyberOne“ / Фото: Принтскрин/Твитер

Компанијата „Xiaomi“ го престигна „Tesla“ и го откри својот прототип на целосно функционален хуманоиден робот.

Станува збор за робот наречен „Xiaomi CyberOne“, кој е висок 177цм и тежок 52кг, а прекарот му е „Metal Bro“. Тој дури има и хороскопски знак, а тоа е Лав.

За време на презентацијата, „Metal Bro“ прошета низ сцената и му подари цвет на извршниот директор на „Xiaomi“, Леи Јун. Потоа позираше за селфи со човекот одговорен за неговото постоење. На крајот, роботот се повлече од сцената.

„CyberOne“ е вториот производ од „Xiaomi Robotics Lab“ откако го видовме роботското куче „CyberDog“ во август минатата година. Хуманоидната машина има лице во форма на заоблен „OLED“ панел, го гледа светот во „3Д“ формат и може да „слуша“ благодарение на два микрофони и да идентификува „85 видови звуци во околината и 45 класификации на човечки емоции“. Неговото тело се состои од 13 зглобови, неговите движења се прецизни, но сепак не толку агилни како роботот „Atlac“ од „Boston Dynamics“.

Сегашната цена на роботот е помеѓу 89.000 и 104.000 долари, а на компанијата ќе ѝ треба повеќе време за да го подготви „Metal Bro“ за масовно производство. „Xiaomi“ исто така планира да додаде нови можности на својот прв хуманоиден робот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот