Вулин: Србија нема да биде паркинг за мигранти

фото Архива

Во рамки на меѓународната акција „Хотспот“, припадниците на српската полиција спроведоа акција, која почна утрово во 6.00 часот, на териториите на осум полициски управи во Србија, во која беа извршени детални претреси на прифатни центри за мигранти, како и на просториите во кои престојуваат, со цел пронаоѓање на нерегуларни мигранти и членови на организирани криминални групи вклучени во нивниот шверц, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението на МВР, министерот за внатрешни работи Александар Вулин заедно со републичкиот комесар за бегалци и миграции Владимир Цучиќ присуствувале на акцијата спроведена на територијата на белградската општина Савски Венац.

Вулин кажа дека осум полициски управи, во соработка со Безбедносно информативната агенција (БИА) и Комесаријатот за бегалци, како дел од меѓународната акција против илегалната миграција и борбата против трговијата со луѓе, „направиле се во согласност со законот да илегалната миграција, а на прво место шверцерските банди, да се откријат и приведат пред лицето на правдата“.

-Србија нема да биде паркинг за мигранти, Србија ќе ги почитува своите закони и очекува сите, без разлика на нашата хуманост и организираност, да ги почитуваат нашите закони. Нашиот секојдневен живот нема и не може да биде загрозен и нашиот живот не може да стане жртва и предмет на работа на шверцерските банди, изјави Вулин.

Полициски службеници од полициските управи во Белград, Суботица, Сомбор, Кикинда, Шабац, Краљево, Врање и Нови Пазар уапсија седум лица под сомнение дека организирале трговија со луѓе и откриле 991 нерегуларен мигрант кои ќе бидат префрлени во прифатните центри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот