Вучиќ подготви вечера за Заев и Рама во Словенија: Добро дојдовте драги пријатели

Александар Вучиќ. Еди Рама и Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој утре ќе учествува на Бледскиот стратешкиот форум, организираше вечера за премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој на Инстаграм налогот „будучностсрбијеав” објави заедничка фотографија со премиерите Заев и Рама со наслов-Бледски форум во сенка на Отворен Балкан! Добро дојдовте драги пријатели!

-Се наоѓаме во ресторан „Земоно” на почесниот конзул на Србија Томаж Кавчиќ, секако едно од најдобрите места во регионот. Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде во„ Земон”, со помош на Томаж морам се добро да подготвам, а оваа мангулица во леб е посебен специјалитет, напиша Вучиќ со фотографија од ресторанот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот