Врската меѓу оваа баба и внука е единствена: Поминав 1500 километри само за да ја изненадам

Шелби Хоефлинг
Шелби Хоефлинг и нејзината 96-годишна баба Патриша / Фото: Принтскрин/ТикТок

Шелби Хоефлинг и нејзината 96-годишна баба Патриша имаат неверојатен однос. Тие редовно уживаат во средбите со сладолед, сакаат да играат игри и да танцуваат заедно. Всушност, Шелби има профил на Тик-ток кој најмногу го посветува на забавата со својата баба.

Откако животот ги разделил, Шелби решила да ѝ го приреди изненадување на баба Патриша и поминала повеќе од 1.500 километри за да ја види. Таа сепак одлучила да не ја извести дека доаѓа да ја види.

Патриша поминува половина година во Боилинг Спрингс, Пенсилванија, а другата половина во Форт Пирс, Флорида. Шелби, која сè уште била во Пенсилванија, не ја видела Патриша шест месеци. Кога слетала на Флорида, без да каже никому, решила да ја изненади својата баба.

@shelbyhoeflingLife is short. Take Gma for ice cream 🍦👵♬ I’m Gonna Be (500 Miles) – The Proclaimers

На видеото кое го сподели на својот тикток-профил се гледа како Шелби става престилка и се преправа дека е келнерка, но на бабата не ѝ требаше многу време да ја препознае.

„Изгледот на изненадување и задоволство на нејзиното лице беше неопислив“, рече Шелби. „За малку ќе ѝ предизвикав срцев удар“, додаде таа.

Почетниот шок на Патриша брзо помина и премина во чиста радост. Оваа емотивна средба трогна илјадници луѓе, кои го изразија своето воодушевување во коментарите, а некои се осврнаа и на односите со нивните баби.

„Ова ме расплака! Многу ми недостига баба ми! Сакај ја и поминувај што повеќе време со неа“, беше еден од коментарите под видеото.

Ова не е прво изненадување што Шелби ѝ го приредила на својата сакана баба. Откако дознала дека Патриша ги обожава „Rockettes“, познатата американска танцова група, Шелби организирала п тување во Њујорк само за нив две за да присуствуваат на нивниот настап.

@shelbyhoefling #answer to @spidermark790 ♬ original sound – Shelby Hoefling

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот