Врховниот суд во Израел заседаваше за правосудната реформа на Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Врховниот суд на Израел денеска ја разгледа петицијата против законот кој го штити израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од импичмент поради тврдењата дека е во конфликт на интереси бидејќи му се суди за корупција.

Во март годинава со амандман Владата на Израел ги ограничи условите под коишто прмиерот може да биде прогласен за неспособен и да биде остранет од должноста. Подносителите на тужбата, кои ја имаат поддршката на главниот обвинител, сакаат повлекување на овој амандан, тврдејќи дека Парламентот ги злоупотребил своите овластувања со тоа што лично го прилагодил амандманот, за на Бенјамин Нетанјаху да не може да му се суди во предметот во кој тој е обвинет за корупција.

На Нетанјаху му се суди за измама, нарушување на довербата и поткуп во три одделни случаи.

Врховниот суд заседаваше во време кога израелскиот лидер и неговите сојузници се обидуваат да донесат низа закони за реформи во правосудството кои имаат за цел да го ослабат судот и да и дадат контрола на владејачката коалиција врз назначувањето на судиите.

Не е познато кога судот ќе ја соопшти одлуката за претставката. Планот за реформи во правосудството предизвика повеќемесечни протести во поделената земја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот