Врховен суд уште не го доставил предметот ,,Тенк” до Кривичен, Арслани апелира на трпение

Гордана Јанкуловска / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Врховниот суд на Република Северна Македонија уште не ги пратил во Кривичен суд Скопје, списите за предметот „Тенк”, со кој се потврдува казна од 4 години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Вршителот на должност претседател на Врховен суд на РСМ, Фаик Арслани, за МИА вели дека сеуште се работи на предметот, односно дека се работи за комплексен случај.

– Има повеќе вонредни правни лекови и треба едно по опширно образложение, затоа ни треба малку повеќе време. Треба да сме трпеливи неколку дена, вели Арслани. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот