Времето викендов со врнежи од дожд, а на планините со снег

дожд скопе
Дождливо време / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажен и студен бран денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови (каде локално ќе наврнат над 30 л/м2). На планините ќе се формира нова снежна покривка од 15 до 25 см, а на повисоките места од 10 до 15 см. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h).

Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден. Во Скопје денес и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во повисоките делови од котлината во текот на ноќва и утре врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот