Враќање на чумата во Кина – болеста која е сериозна закана за целиот свет

Фото: Kim Petersen / Alamy / Alamy / Profimedia

Две лица во Кина се лечат од чума, известија властите вчера. Ова е вторпат болеста, истата која ја предизвика една од најголемите пандеми во историјата на човештвото во Европа во 14 век, е детектирана во регионот. Првпат таа беше забележана откако во мај, кога маж и жена од Монголија починаа откако јаделе жив бубрег на мармот, пренесе Си-Ен-Ен.

Двајцата нови пациенти, од кинеската провинција на Внатрешна Монголија, се дијагностицирани со пневмонична чума од лекарите во кинескиот главен град Пекинг, информираше државниот медиум. Тие сега примаат медицинска нега, и властите велат дека ги преземале превентивните мерки за контрола.

Чумата, која е предизвикана од бактерија и се пренесува преку каснувања од болви и заразени животни, може да се развие во три различни форми: бубонската чума предизвикува отекување на лимфните јазли, додека септисемичката чума ја инфицира крвта, а певматичната белите дробови.

Пневматична чума – онаа од која се заразени кинеските пациенти – е поопасна и може да направи поголема штета. Доколку не се третира соодветно, секогаш завршува со смрт, велат информациите од Светската здравствена организација (СЗО).

За време на Средниот век, епидемии на чума направија пустош во Европа, убивајќи 50 милиони луѓе. Оттогаш, откриен е антибиотикот, кој може да ги лечи поголемиот дел од инфекциите доколку навремено се детектирани, но чумата се уште не е искоренета.

Од 2010 до 2015 година повеќе од 3,248 случаи се забележани на светско ниво, вклучувајќи и 584 со смртни последици, според СЗО. Трите земји во кои имало највеќе случаи се Демократска Република Конго, Мадагаскар и Перу.

Поради фактот што во последните 20 години се заболени 50.000 луѓе, чумата сега е категоризирана како болест која се враќа на земјата од страна на СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот