Врачување на државната награда „8 Септември”

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември” денеска во Собранието ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2020 година.

Љуљзим Вренези е годинашниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.

Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорги Вучков.

Наградите ќе бидат врачени во Кристалната сала на Собранието, со почеток во 11 часот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот