Вработените во Министерство за култура трет ден на протест за повисоки плати

Фото: МИА

Платите на речиси 70 отсто од вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм се под просечната плата во државата. Разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари. Со плата од 25 илјади денари која ја земаат во просек 70 проценти од вработените во секторот култура, месецот не може да се преживее, вели претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски.

Вработените во овие три институции трет ден по ред ќе го изразат незадоволството од своите месечни примања пред Министерството за финансии. Тие испратија апел за средба со министерот Фатмир Бесими, а побараа и потпишување на колективен договор и зголемување на платите.

Костовски на протестот во петокот изјави дека Синдикалната организација при Министерството за култура веќе има изготвено Предлог-текст на колективниот договор, кој предвидува објективно и коректно покачување на платите на вработените, за кој минатата година Министерството за финансии даде негативно мислење. Но по само неколку дена, како што напомена, со Законот за буџетите се утврди зголемување на платите од 30 отсто за вработените во Министерството за финансии.

Тој останува на ставот дека ќе бидат присутни секој ден во голем број, се до остварување на целта – соодветна валоризација на трудот на вработените во овие институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот