Водата од Студенчица е добра за пиење, велат од кичевски Комуналец

unsplash
Вода / Фото: Архива на Слободен печат

Интензивните врнежи од дожд што го зафатија кичевскиот регион во текот на вчерашните ден, предизвикаа заматување на безмалку сите водотеци во општината.

Директорот на ЈКП„ Комуналец” Кичево, Зенел Јонузи за МИА потврди дека населението од општина Кичево, како и на сите водокорисници од регионалниот хидросистем можат да бидат спокојни, бидејќи водата од Студенчица е исправна за пиење, што го потврдија и резултатите добиени од анализите на мострите извршени во текот на денешниот ден.

– Интензивните врнежи од дожд кои во изминатите дваесетина часови го зафатија нашиот регион, предизвикаа заматување на поголемиот број водотеци во регионот, сепак со полна одговорност можам да потврдам дека водата од „Студенчица” е исправна за пиење и приготвување на храна без дополнително превривање. Тоа го потврдија и денешните наоди по извршените лабораториски анализи, од кои може да се види дека водата од Студенчица е исправна за пиење како хемиски така и бактериолошки, нема промена на нејзината бистрина и корисниците од овој регион можат без страв да ја користат, нагласи Јонузи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот