Водата од непроверени извори е опасна за здравјето

Да се полни и пие вода само од проверени чешми и извори кои редовно се испитуваат од страна на Центарот за јавно здравје, апелираат надлежните во делчевското комунално претпријатие, од каде подочија дека граѓаните особено за време на викенди често полнат вода од непроверени извори, што поради недоволните испитувања создава стомачни тегоби.
– И во минатото сме потенцирале ќе спомнеме и сега дека моментално најисправна за пиење е водата од градскиот водовод која редовно се хлорира и третира за безбедна употреба од страна на граѓаните. Во однос на останатите извори, кај оние каде е констатирана неисправна вода, редовно ги информираме граѓаните, а евентуалното понатамошно користење на таквата вода е на ризик на самите граѓани – велат од претпријатието.
Општината продолжи со активностите за санација на селските чешми во руралните средини. По санацијата на две чешми во село Град, деновиве е санирана и селската чешма во селото Вирче.
– Реконструкцијата подрзабира санација и соодветно обложување со камен, како и уредување на просторот околу чешмата со што се создава соодветен простор за потребите на жителите. Со реконструкцијата се подобрува и функционалноста и изгледот на селската чешма. Активноста за уредувањето на селските чешми опфати неколку села во Општината. Досега се реконструирани две селски чешми во село Град, а ќе се уредат и селските чешми  во селата Габрово и Ѕвегор. Инвестицијата за реконструкција на селските чешми е на Општина Делчево, а работите ги изведуваат екипи на ЈКП „Брегалница“ – додадоа од Општината.
Деновиве како што додадоа започнува и реконструкцијата на детските игралишта во селата со поставување соодветна урбана опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот