Во Унгарија се предлага четврта доза вакцина против ковид-19

Вакцинација против ковид-19 во Унгарија
Вакцинација против ковид-19 во Унгарија / Фото: EPA-EFE/Csaba Krizsan

Унгарската влада ќе предложи четврта, засилувачка, доза вакцина против ковид-19 за да се справи со ширењето на коронавирусот, соопшти претставник на владата.

– Секој што сака ќе може да прими четврта доза од вакцините, но тоа ќе биде направено по препорака на лекар. Во недела и официјално ќе ја соопштиме нашата одлука, рекол изворот, пренесуваат локалните медиуми.

Во Унгарија, околу 60 отсто од населението е вакцинирано. Земјата има население од 9,8 милиони жители. Половина од нив имаат примено две вакцини. Бројот на новозаразени во изминатиот ден достигна 9200 лица. Повеќе од 40 000 луѓе од ковид-19 починаа од пандемијата во Унгарија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот