Во уметничкиот центар „Арт Хаб“ ќе биде отворена изложба на фотографии на Сашо Саракинов

Фотографија од изложбата во „Арт Хаб“

Отворањето на самостојната изложба на фотографии на Сашо Саракинов во уметничкиот центар „Арт Хаб“ во Скопје (ГТЦ, 2 кат, локал 306) ќе се одржи на 24 јануари, во 19.30 часот.

Станува збор за прва самостојна изложба на Сашо Саракинов на којашто ќе бидат презентирани околу 30 фотографии. Изложбата ќе биде отворена до 2 февруари 2024 година.

На фотографиите се претставени едноставни настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција.

– Фотографиите го одсликуваат моментот на настанот со нагласен архитектонски израз на она што се прикажува. Забележани се настани и објекти кои нѐ опкружуваат во секојдневието, а сепак имаат многу што да кажат и да го свртат вниманието на гледачот – истакнуваат од „Арт Хаб“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот