Во Тетово Меѓународен натпревар за квалитетот на медот

Фото: Профимедиа

Во рамки на Вториот меѓународен натпревар за квалитетот на медот „Tetovo Honey Award 2020” организиран од здруженијата „Град на пчелите” и „Полошки мед” денеска на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана на Универзитет во Тетово започна органолептичка анализа на пристигнатите примероци мед. Пристигнати се 370 примероци на мед од учесници од 17 земји, а првпат од Австралија и Америка.

-Органолетичката комисија ќе го оценува секој мед посебно по однос на вкусот, аромата, чистотата, водата. После медот ќе оди во лабораторија, ќе се прават анализи и ќе се соберат двата резултата. Така ќе се знае кој пчелар ќе добие златна, сребрена или бронзена медаља, изјави Дритон Дикена од „Град на пчелите”.

Медот се оценува со учество и професори од Универзитетот, но и стручни лица со меѓународни сертификати за оценување.

-Три екипи ја прават органолетпичката оценка, а составени се од професори од факултети, се е со шифри, без имиња. Анализа прво се прави со рефлекометар да се види колку вода има ставено и се оценува процент на вода. Ова на пример нешто што не чини. Има 30 отсто вода. На вештачки пат му е вадена водата.  Според европски стандарди, дозволена вода е до 20 отсто.  Најмногу поени даваме ако има 18 проценти, вели Слободан Јефтиќ од Србија кој е меѓународен оценувач.

Резултатите ќе бидат познати по две недели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот