Масакр на Друзи во Сирија/Фото: EPA/MOHAMMED AL RIFAI

Во судири со Друзите повеќе од 1.100 мртви за една недела во Сирија

Во насилните судири меѓу заедниците во јужната сириска покраина Свеида, каде што населението е претежно Друзи, загинаа најмалку 1.100 луѓе за една недела, според најновиот број објавен од Сириската опсерваторија за човекови права во неделата.

Меѓу загинатите се 427 борци и 298 цивили кои припаѓаат на заедницата Друзи, од кои 194 биле „погубени по брза постапка“ од страна на припадници на силите на „Министерството за одбрана и внатрешни работи“.

Од друга страна, 354 припадници на владините сили и 21 сунитски бедуини беа убиени, вклучувајќи тројца цивили кои беа „егзекутирани од борци од Друзите“, според организацијата со седиште во Лондон, која се потпира на широка мрежа на извори во Сирија.

Во исто време, 15 припадници на де факто владините сили беа убиени во израелско гранатирање, додаде невладината организација.

Масакр врз Друзите и христијаните во Свеида, 1.000 мртви и 87.000 раселени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот