Во судир на повеќе возила повредени три лица кај Струмица

Фото: МИА

Едно лице е потешко повредено, а две полесно во сообраќајката што се случи во 07.40 часот на регионалниот пат Струмица- Ново Село, меѓу селата Дабиле и Босилово, инфомираа од ТППЕ Струмица.

Во сообраќајката учествувале три автомобили „тојота корола“, „шевролет спарк“ и „рено твинго“. Од силината на ударот еден автомобил се запалил, но пожарникарите успеале да го извлечат повредениот од него.

Во извлекувањето на повредените пожарникарите користеле и специјален хидрауличен алат.

На местото на несреќата увид изврши увидна екипа на струмичката полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот