Во Собранието тркалезна маса за правно признавање на родот

Собрание на РСМ
Собрание на РСМ / Фото: Скриншот

 Тркалезна маса за правно признавање на родот во Северна Македонија денеска ќе се одржи на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата на Собранието на Република Северна Македонија.

Тркалезната маса е дел од тематскиот преглед на Препораката (2010)5 на Комитетот на министри на Советот на Европа до земјите членки за мерките за борба против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет, а во соработка со Советот на Европа.

Воведни обраќања на тркалезната маса ќе имаат Маја Морачанин, координаторка на ИППГ за правата на ЛГБТИ лицата, Елени Цецеку, претставничка на Советот на Европа и Светлана Цветковска, раководителка на Секторот за еднакви можности во МТСП и контакт лице на Европската мрежа на владини претставници за ЛГБТИ прашања. Потоа експерти ќе дадат општ преглед на моменталната состојба на правното признавање на родот и ќе зборуваат за влијанија од постојната правна постапка за признавање на родот и искуство од засегнатите лица, како и за начинот од кој можеме да учиме од добрите практики.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот