Во Швајцарија регистриран индискиот сој на ковид-19

Архива на СП

Во Швајцарија е регистриран првиот случај на индискиот сој на коронавирусот, соопштија здравствените власти.

Индискиот сој на ковид-19 е регистриран кај лице кое транзитирало на еден од швајцарските аеродроми.

Поради индиската мутација на кронавирусот, Германија воведе рестрикции за патувања од Индија, а слични мерки воведоа и Велика Британија, Канада и Кувајт.

Во Индија трет ден по ред се пријавуваат рекордни бројки на новозаразени лица. Во изминатите 24 часа регистрирани се 346.786 нови случаи и 2.624 смртни сличаи, а болниците покрај тоа што се преоптоварени се соочуваат и со недостиг на кислород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот