Во штипскиот регион зголемен бројот на лица во изолација

Фото: МИА

Со новите случаи повторно се зголеми и бројот на лица, кои се во изолација.

Во Штип и денеска се бележат нови случаи на заразени од коронавирусот. Надлежните од Центарот за јавно здравје-Штип информираат дека станува збор за случаи поврзани со текстилен и кожарски кластер, а има и новозаразени од скопјанец, кој дошол на гости во Штип и неговите контакти се позитивни. Епидемиолозите се уморни и веќе во контиунитет дневно во штипскиот регион прават по 50 тестови, наведуваат од ЦЈЗ-Штип.

Со новите случаи повторно се зголеми и бројот на лица, кои се во изолација. Ако минатата недела бројката се движеше од 420 до 450, сега оваа бројка на граѓани, кои мора да седат дома е над 500.

Епидемиолозите немаат потполна слика по тестирањето на вработените во градинките. Се уште се чекаат резултатите на 20-тина вработени во градинката „Астибо”, а скринингот е направен на 12 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот