Во Сегрија 200.000 лица ставени во карантин

Поради загрижувачкото зголемување на бројот на инфицирани од коронавирусот во регионот Сегрија, во шпанската покраина Каталонија, воведено е ограничување на движењето, што е прв ваков пример во Шпанија откако на 21 јуни беше укината вонредната состојба во земјата, што беше воведна поради пандемијата со Ковид-19.

Одлуката на каталонските регионални власти за  областа Сегрија, се оденсува на повеќе од 200.000 жители, меѓу кои се и жителите на градот Леида. Ограничувањето за движење стапи на сила денеска на пладне, додека влегувањето на локалното население во областа ќе му биде дозволено до 16 часот, наведуваат американските медиуми.

Според здравствените власти, бројот на новозаразени лица во областа во изминатите 24 часа се зголемил за 60 , со што вкупниот број на заболени од Ковид-19 се изнесува 4.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот