Во ракетен напад на Хутите врз товарен брод загинаа двајца членови на екипажот

Хутите во Јемен / Фото EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Двајца членови на екипажот се убиени во ракетен напад на Хутите врз товарен брод кај јужен Јемен, соопштија американските власти. Првите смртни случаи ги предизвикаа нападите на групата врз трговските бродови, пренесува Би-би-си. 

Бродот кој пловел под знамето на Барбадос, бил напуштен и се движел со пожар на бродот. Бродот е погоден во Аденскиот Залив околу 09:30 часот по Гринич. Хутите велат дека нивните напади се за поддршка на Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Групата поддржана од Иран преку соопштение информира дека екипажот на бродот ги игнорирал предупредувањата од поморските сили на Хутите.

Британската амбасада во Јемен соопшти дека смртта на морнарите била тажна, но неизбежна последица од непромисленото гаѓање на проектили на Хутите врз меѓународниот брод и инсистира нападите да престанат.

Шест членови на екипажот исто така се повредени, изјави американски официјален претставник за Би-Би-Си.

Нападот се случил на околу 93 километри југозападно од јеменскиот град Аден. Портпаролот на управителите на бродот вели дека нема информации за состојбата на екипажот на бродот од 20 морнари и тројца вооружени чувари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот