Во преговори со Босанците, Васоски ќе седне на клупата на Сараево!?

васоски
фото: Денис Дуковски/fkvardar.mk

Сараево во чии редови настапува поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски на пет дена до почетокот на зимските подготовки е во потрага по нов тренер.

По заминувањето на Горан Саблиќ, доста имиња се поврзуваат со клупата на босанскиот фудбалски клуб, а помеѓу нив е и Александар Васоски, досегашниот стратег на ФК Академија Пандев.

Васоски пристигна во Сараево во средата по што веднаш замина на состанок со челниците на оваа екипа.

– Сè ќе се знае во наредните ден-два, имајте разбирање – изјави Васоски за босанските медиуми.

Веќе е запознат со состојбите во клубот и ги претстави своите планови. Поранешниот одличен дефанзивец кој во својата тренерска кариера работеше не само во Академија Пандев туку и во Вардар треба да ја почека конечната одлука.

Ппрозивката на ФК Сараево е закажана за 10 јануари. Прецизен план за подготовка се очекува по назначувањето на нов тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот