Во Полска домашните задачи веќе не се задолжителни во основните училишта

Во Полска денеска стапи во сила уредбата со која се укинуваат задолжителните домашни задачи во основните училишта, соопшти полското Министерство за образование.

Како што е наведено, наставниците од 1 до 3 одделение можат да даваат само „вежби за подобрување на фината моторика“, кои ќе бидат задолжителни и наставникот ќе може да им додели оценка на учениците, пренесуваат полските медиуми.

Полското Министерство наведува дека, благодарение на развиените фини моторни вештини, детето може поефикасно да учи.

Од четврто до осмо одделение во основното училиште наставникот ќе може да даде писмена или практично-техничка домашна задача, но домашната работа нема да биде задолжителна и ученикот нема да добие оценка за неа.

Наместо тоа, наставникот треба да му даде на ученикот информации за тоа што направил добро, што треба да подобри и како треба да продолжи да учи, се наведува во уредбата.

Од Министерството прецизираат дека „писмената и практично-техничката домашна задача“ опфаќа есеи, состави, пополнување тетратка, решавање математички задачи или подготовка на мултимедијална презентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот