Во Пакистан вакцинацијата против ковид-19 веќе е задолжителна за вработените во државниот и приватниот сектор

Фото: Принтскрин

Во Пакистан вакцинацијата против Ковид-19 е веќе задолжителна за сите вработени во јавниот и приватниот сектор, чекор насочен кон имунизација на 70 милиони луѓе во земјата до крајот на годината, јави ДПА.

Одлуката е донесена од Националниот оперативен центар – орган надлежен за одговор на пандемијата во државата.

„Сите вработени во јавниот сектор ќе мора да бидат вакцинирани до 30 јуни”, се вели во соопштението на Центарот, без да се утврди краен рок за приватниот сектор.

Пакистан, со 220 милиони жители, почна кампања за вакцинација во февруари, првично соочена со недоверба во јавноста и недоволно снабдување со вакцини, но масовната имунизација е од минатиот месец.

Речиси 300.000 луѓе се регистрираат на вакцинација секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот