Во овој град НИКОЈ НЕМА УМРЕНО веќе 69 години и тоа поради еден БИЗАРЕН закон (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Арктичкиот град Лонгјербјен на норвешкиот остров Свалбард презема некои необични правни чекори за да забрани смрт.

Во градот од 1950-та година е апсолутно противзаконски да се умре. Дури и да сте живееле цел живот таму, во случај на дијагноза за тешка или смртоносна болест ќе ви биде организиран превоз за надвор од островот и своите последни денови ќе мора да ги поминете на некое друго место.

Во случај на изненадна смрт, што ретко се случува поради големата мера за набљудување на здравјето, телото брзо се пренесува на друго место, каде ќе биде погребано.

Но, зошто Норвежаните имаат донесено толку бизарен закон?

Иако, звучи вознемирувачки, целта е да се заштитат останатите жителите. Во средината на минатиот век откриено е дека телата закопани на локалните гробишта не се распаѓаат, туку долготрајно се замрзнуваат во земјата, благодарејќи на пермафрост, односно постојано замрзната почва.

Како резултат на тоа, смртоносните вируси заробени во телото на починатите можат да преживеат, но и да ги заразат останатите луѓе за време на топењето. Иако звучи како сценарио од апокалиптичките филмови, тоа не е научна фантастика, бидејќи нешто слично веќе се има случено.

Во август 2016-та година, дошло до избивање на антракс во северен Сибир, заради што едно момче умрело, а 90 луѓе биле хоспитализирани во тешка состојба. Луѓето не биле единствени жртви, научниците потврдиле дека околу 2.300 елени загинале како последица на антраксот. До епидемијата дошло после големиот топлотен бран во 2016-та година, а последно загревање од сличен размер пред тоа се случило во 1941 година.

Меѓу жителите на градот нема староседелци, а иако во градот живеат фамилии кои се тука веќе неколку децении, повеќето луѓе не се задржуваат таму. Најраните жители биле рудари за јаглен, по што и градот бил основан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот