Во невремето „Даниел“ загинаа десетмина, четворица се исчезнати, спасени се 2.000 лица

Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Во невремето „Даниел“ што од вторникот ја зафати Грција, вкупно десет лица ги загубија животите, четворица се исчезнати во областите Волос и Пилио, а спасени се речиси 2.000 лица, соопшти министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас.

Кикиљас попладнево информираше дека од завчера кога во 14 села започна акцијата за евакуација и спасување со воздушни и копнени средства, со хеликоптерите на противпожарната служба и армијата биле спасени 296 лица, од кои на 150 им била потребна итна медицинска помош, додека на копно, со чамци и возила 1.700 лица биле пренесени на безбедни локации.

Во акцијата се вклучени над 1.000 спасувачи од цивилната заштита и армијата, како и вкупно 20 хеликоптери од противпожарната служба, од армијата, од грчката полиција, како и три швајцарски хеликоптери кои во Грција беа за гаснење на пожарите, а сега се користат за дистрибуција на храна и вода за отсечените села.

Во однос на ситуацијата со реката Пиниос во околината на Лариса, Кикиљас рече дека се во континуирана состојба на готовност и истакна дека „потребна е голема внимателност од сите бидејќи поплавите може да се интензивираат во секое време“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот