Во Музејот на македонска борба е поставена изложбата Панаѓурите во Османлиска Македонија во XIX и XX век

Во Музејот на македонска борба е поставена изложбата насловена Панаѓурите во Османлиска Македонија во XIX и XX век.
Во рамките на изложбата најпрво биле спроведени истражувања – кабинетски и теренски, во Битола и Велес.
– Врз основа на литературата, сите видови на достапни извори и теренските истражувања, даваме визуелен приказ на панаѓурите во градските и руралните средини во XIX и XX век, дефинирајќи ја временската рамка на нивниот постанок, развој и нивно функционирање. Најразлични се начините со кои предметите и фотографиите отпочнуваат да го раскажуваат минатото. Тргнувајќи од пишаните историски извори, а завршувајќи со современите искуства, во целост го отсликуваме развојниот пат на панаѓурите во руралните и градските средини, истакнува директорката на Музејот на македонска борба, Даниела Николова.

Николова објаснува дека панаѓурите како културна појава на нашата територија датираат многу одамна. Најголем дел се одржувале за време на религиозните празници, а покрај културното, тие биле и од големо стопанско значење кај народот. Преставувале културно јадро, односно на панаѓурите престојувале трговци од другите земји, каде преку меѓусебни контакти се пренесувала културата на својот крај. За време на нивното одржување се организирале и разни свечености каде се забележувале народи од други земји.

Инаку, темата Градските и руралните панаѓури во XIX и XX век произлегла од потребата да се обработи оној дел од етнолошкиот музејски материјал кој зазема значајно место во традиционалната материјална култура во Македонија.

– Изложбата Панаѓурите во градските и руралните средини во XIX и XX век во Османлиска Македонија, преставува сведоштво за првичните чекори од истражувањата во делот на материјалното движно културно наследтво на нашите простори, вели Николова.

експонат -Фотоапарат – Алфред Бруцкне од 1906 година, кој е во сопственост на Музејот на македонската борба

Николова упати благодарност до Дарко Трпески и Владо Кузмановски, музејски водичи од НУ Музејот на македонската борба за самостојност и автори на изложбата, во подготовките и реализирацијата на првата музејска изложба посветена на промоцијата на материалното културно наследство, и особена благодарност до Тијана Јаневска, етнокореолог, која дала свој придонес во подготовките на изложбата како наш надворешен соработник.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на РС.Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот