ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА: Растат трошоците на животот

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало 100.4.

Пораст на индексот на трошоците на животот во мај 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3.7 %, лебот за 1.6 %, другите прехранбени производи за 1.1 %, цигарите за 1.0 %, лебот и житата за 0.9 %, месото за 0.6 %, брашното и другите жита за 0.5 %, замрзнатиот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, алкохолните пијалаци за 0.3 % и маслото и маснотиите за 0.2 %.

Во мај 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 5.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, туристичките пакет-аранжмани за 3.7 %, обувките за 2.8 %, услугите за сместување за 2.5 %, гасот за домаќинствата за 0.7 %, теписите и другите покривки за под, терапевтските помагала, книгите за 0.5 %, малите електрични апарати за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, автомобилите за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети неспоменати на друго место за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 4.6 %, трбушките за 0.9 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.7 %, јајцата за 0.4 %, другите пекарски производи, замрзнатата риба за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 2.2 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.3 %, информатичката опрема за 0.7 %, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 0.4 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, другите медицински производи, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во мај 2019 година, во споредба со мај 2018 година, бележи пораст од 1.4 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 1.0 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот