Во Куманово пронајден починат 22-годишен мигрант

Во попладневните часови вчера околу во 14.00 часот било пријавено дека во Куманово, на место викано „Врело“, од патрола на Црвен крст бил пронајден починат M.Л.(22) од Пакистан, информира МВР.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребална служба за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот