Во куќа во Волково каде настанал пожар пронајдена почината 51-годишна жена

Противпожарно возило / Фото: МИА

Почината 51-годишна жена е најдена во куќа во Волково во која настанал пожар рано утрово.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 1 август 2021 во 4.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Волково, скопско, настанал пожар во куќа.

При гаснење на пожарот, од страна на екипа на Противпожарна заштита била пронајдена почината С.С.(51). Лекар констатирал смрт без траги на насилство.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот