Во ковид-центарот во Штип за два дена починаа шестмина заболени од ковид-19

Ковид центар во Штип / Фото: МИА

Во штипскиот ковид – центар во изминатите 24 часа починаа тројца пациенти заболени од Ковид-19, од кои двајца од Пробиштипскиот региона на возраст од 63 и 66 и еден пациент од Кочани на возраст од 78 години. Во рок од два дена во овој ковид – центар починаа шест пациенти на возраст од над 60 години.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА информира дека засега се справуваат со притисокот на пациенти, кои имаат потреба од болничко лекување, но доколку се исполни и последниот болнички кревет на Инфективното одделение имаат и план Б.

-Во изминатите десет дена се справуваме со напливот на пациенти, но доколку има потреба во тој случај ќе преминеме на планот Б, а тоа значи реорганизација на кадарот и отварање на модуларната болница, вели Ѓеорѓијев.

Посочи дека изминатите десет дена зголемена е потрошувачката на течниот кислород за ковид пациентите. Дневно на инфективно се троши над еден тон кислород. Според здравствениот билтен на Инфективното се лекуваат 53 од кои 45 пациенти се на постојана кислородна поддршка. Во Кожното одделение со полесна клиничка слика се лекуваат осум лица. Инфектолозите апелираат на имунизација на населението, со цел да граѓаните да си го зачуваат здравјето.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот