Во Каталонија се штрајкува, пред парламентот има бариери, демонстрантите порачуваат: Улиците ќе бидат наши

Во Каталонија денес започнаа првите протести против се поизвесните осудувачки пресуди за дванаесет каталонски функционери кои организираа референдум за независност од Шпанија во 2017 година и покрај забраната за Уставниот суд.

Неколку стотици луѓе влегоа во Централната железничка станица Сантс во Барселона и седнаа низ ходникот, блокирајќи го преминот на патниците. „Слобода за политичките затвореници“ и „Улиците секогаш ќе бидат наши“, викаа тие.

Каталонската полиција мораше да ги извади некои од нив надвор од станицата за да може да се помине, бидејќи тие одбија да заминат. Повеќето демонстранти доброволно го напуштија едно од најфреквентните места во градот.

Дополнителни полициски сили се испратени во Каталонија, автономна покраина во северо-источна Шпанија, кои се очекува да обезбедат ред и мир следната недела, во услови на најавени протести во покраината со 7,5 милиони луѓе.

Железни бариери пред парламентот во Барселона

Железни бариери беа подигнати пред каталонскиот парламент во Барселона за да се спречи нејзиното евентуално заземање, но и пред другите институции како што се канцелариите на шпанската централна влада.

Врховниот суд најверојатно во понеделник ќе објави осуди до максимум 15 години затвор за политичарите кои организираа референдум пред две години, а потоа ја прогласија Република Каталонија. Тие се обвинети за бунт, непослушност и употреба на јавни пари за организирање на нелегален референдум.

Се очекува казна од 10-15 години за Ориоле Јункерас

Повеќе медиуми во петокот и саботата објавиј, повикувајќи се на неименувани извори од судот, дека судиите го отфрлаат обвинението за бунт, но ги задржале другите обвиненија, вклучително и една за поттикнување на жителите да го соборат државниот ред.

Државниот правобранител побара 25-годишна затворска казна за првообвинетиот, поранешен вицепремиер на Каталонија, Ориол Јункерас, но бидејќи судиите го отфрлија обвинението за бунт, што подразбира насилство, тој може да биде осуден на 10 до 15 години затвор. Тој е во притвор, а за време на судењето што започна во февруари, тој рече дека не сторил ништо незаконско.

Шпанската влада претходно соопшти дека Шпанија е правна држава во која се раздвоени извршната и судската власт, така што нема „политички затвореници“ туку „затворени политичари“ кои го прекршиле законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот