Во камион од Грција пронајдени 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните

Фото: Царинска управа

На Граничниот премин Табановце, Царинската управа спречи обид за шверц на 4,4 тони диво месо ризично по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава.

– Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација ниту пак превозникот за него имал соодветен сертификат, и дозвола од соодветна надлежна институција Агенција за храна и ветеринарство. Во царинската декларација стоката е декларирана како „пластични палети и подвижни метални рафтови“ со вредност од 3.750 евра или само 5,6 проценти од вкупната вредност на стоката, појаснуваат од Царина.

Фото: Царинска управа

На терминал на граничен премин Табановце, инспектори со скенер извршиле контрола која покажала дека во возилото освен декларираната стока има и друга стока што не е опфатена со царинската декларација.

– По отворање на возилото во 29 пластични палети е пронајдено замрзнато месо од разен дивеч, зајаци, фазани, еребици, за кои не поседувал никаква документација. Против сторителот е поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик. Заштита на здравјето на граѓаните и безбедноста на општеството е еден од клучните приоритети на Царинската управа, информираат од Царинската управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот