Во итни случаи, јагленот ќе го замени гасот во производството на електрична енергија во Германија

Фото: МИА

Во случај на недостиг на гас или закана од недостиг, Германија значително или целосно ќе го замени гасот што се користи за производство на електрична енергија со јаглен, соопшто денеска германското Министерство за економија. Електраните на јаглен остануваат на подготвеност, како и електраните на лигнит, кои може да бидат подготвени за работа на краток рок.

Сепак, владата ќе се придржува до главниот план за постепено укинување на производството на енергија на јаглен до 2030 година, соопшти Министерството, истакнувајќи дека се додека електраните останат во состојба на подготвеност, нема да има дополнителни емисии на штетни гасови.

Законите со кои се поставува основата за користење на јаглен и лигнит се во владина процедура.

Според Министерството, гасот сочинувал околу 15 отсто од производството на електрична енергија во Германија минатата година, но тој удел веројатно ќе биде помал во 2022 година. На рускиот природен гас отпаѓа повеќе од половина од германскиот увоз на тој енергенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот