Во Италија полицаец загина гонејќи крадци кои сакале да откорнат банкомат, вака колегите се простија од него пред неговите деца и сопругата (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Полицаецот Апичелa зад себе остави сопруга и две деца од шест години и три месеци

Српски државјанин е уапсен во Италија со тројца роднини во обид да ограбат банка и убиле полицаец во кој се забиле со автомобилот при бегството.

Игор Хаџовиќ (40) од Србија заедно со Фабрицио (39), Адмир (27) и Ренато (40) во понеделникот во 4 часот утрото во Неапол, Италија со ауди А4 се обиделе да откорнат банкомат. Меѓутоа, веднаш се вклучил аларм и се појавило полициско возило, па побегнале.

Неколку улици подолу наишле на друго полициско возило во кое намерно се забиле, а возачот, полицаецот Пасвале Апичела (37) од силината на ударот излетал од возилото и починал на пат кон болница, пишува Република.

Адмир и Фабрицио веднаш се уапсени, додека Ренато и Игор се пронајдени во вечерните часови.

Апичелa зад себе остави сопруга и две деца од шест години и три месеци. Неговите колеги се појавија во вторникот вечерата со запалени сирени и ротации пред неговата зграда за да му оддадат почит.

На снимката која е објавена на Фејсбук се слуша како сопругата се грчи во солзи, а синот ја прашува: “Мамо каде е тато“, на што тетката му одговара дека тој заминал и дека тоа се неговите колеги кои дошле да се простат од него.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот