Во Дебар и Центар Жупа денеска ќе гласаат 33 болни и немоќни лица

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје речиси еден месец нема нов случај на заразен со Ковид-19/ Фото: МИА

Во Дебар и Центар Жупа денеска своето право на глас треба да го остварат 33 болни и немоќни лица.

Според претседателката на Општинската изборна комисија, Елмира Бакали, во општина Дебар ќе гласаат 29 болни и немоќни лица, колку што и се пријавиле.

Вчера пак гласаа 15 лица во самозолација или болни од Ковид-19.

Во општина Центар Жупа своето право на глас денеска ќе го остварат четири болни и немоќни лица, додека вчера таму немаше гласање бидејќи немаше пријавени.

Утре во општина Дебар ќе се гласа на 27 избирачки места а во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас.

Во Центар Жупа,според претседателот на ОИК, Еран Зубер ќе се гласа на 16 избирачки места а право глас имаат 7.061 граѓанин.

Споредено со последните претседателски и вонредни избори за градоначалник, одржани минатата година, во единствениот избирачки список во Дебар сега се запишани 190 гласачи повеќе.

Во општина Центар Жупа, споредено со ланските претседателски избори бројот е поголем за 108 гласачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот