Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста се 40 лица

Во изминатото деноноќие во Дебар потврден е уште еден случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на Ковид дијагностицирани се зголеми на 92, од нив тројца од општина Центар Жупа.

Од нив 41 се во втората фаза од пандемијата, која во ова општина се врати на 5 јуни, кога болеста беше дијагностицирана кај жена од село Долно Косоврасти, по точно педесет дена од последниот случај од првата фаза на болеста.

Битката со опасниот вирус ја добиле 48, од вкупната бројка заразени. Четворица почина, од нив тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа. Моментно активни на болеста се 40 лица.

– Главната причина за повторната појава, која секојдневно станува се позагрижувачка, е непочитувањето на пропишаните заштитни мерки и протоколи од страна на граѓаните и деловните субјекти. Затоа апелирам до сите строго да ги почитуваат мерките за заштита и пропишаните протоколи, апелира градоначалникот Хекуран Дука.

Прочитајте и...  Гласањето на болните во шест општини од Југоистокот се одвива без проблеми

Во меѓувреме расте бројот на лицата кои добиваат казна поради неносење заштитна маста.

– Во изминатото деноноќие полициските службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар, констатирале 18 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на Ковид-19, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Во последните три дена, полициските службеници од дебарското ОВР, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, по истиот основ, прекршочни платни налози им издале на триесеттина лица.

Прочитај повеќе

На грчка граница се продаваат лажирани потврди за туристи што сакаат да ја преминат границата

Слободен печат

Медицинска сестра која го победи коронавирусот даруваше крвна плазма

Слободен печат

Во Албанија заштитна маска задолжителна во затворени простории

МИА Агенција

„Ја кријат вистината како за Чернобил“: Американци тврдат дека научници од Вухан пребегале на Запад и ги откриваат мрачните тајни за коронавирусот

Слободен печат

ДИК: Од категоријата болни и немоќни лица гласале 7861 гласачи (ВИДЕО)

Слободен печат

Куомо: Уште четири сојузни држави на карантинската листа на Њујорк

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

По вториот ден од сослушувањето, Хашим Тачи без зборови излезе од судот во Хаг

Слободен печат

Шилегов: Клинички центар сега е комплекс со најсовремена инфрастуктура (ФОТО)

Слободен печат

Во Индонезија заразени со Ковид-19 речиси истовремено 54 новинари

Слободен печат

Повторно тепачка во тајванскиот парламент: Пратениците корнеа столчиња и фрлаа шишиња (ВИДЕО)

Слободен печат

Каде треба да гласате- Проверете дали е променето избирачкото место

Слободен печат

Зголемен број случаи на Ковид-19 во Грција

МИА Агенција