Во центарот на Пустец ќе се подигне биста на Гоце Делчев

Општина Пустец/ Фото: МИА

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец.

Според Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан.

„Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, изјави градоначалникот Колефски.

Додава дека се преземаат сите потребни законски мерки со цел поставувањето на бистата да биде изведено според потребната процедура и временска рамка.

Поставувањето на бистата ќе биде на свеченост што ќе се организира на 4 мај 2024 година, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев.

„Советот на општина Пустец, веќе даде едногласна поддршка на иницијатвата и барањето на МАЕИ, за поставување на бистата. Иницијативата е ставена на јавна расправа и очекувам на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука“, посочува тој.

Автор на бистата е Зоран Тошевски а е донација од МАЕИ.

Во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“ а поставувањето на оваа биста, според иницијаторот, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот