Во Бутел уапсен дилер на амфетамин

Денеска (14.11.2021) во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес на ул „Љуба Петровиќ“ кај Ж. Ј. (39) од Скопје, соопшти полицијата.

„При претресот во неговиот дом се пронајдени едно поголемо полиетиленско пакување со синтетичка дрога амфетамин, како и марихуана, сад со синтетичка дрога амфетамин, вага со остстоци од амфетамин. Ж.Ј. е лишен од слобода и спроведен во ПС Гази Баба и против него од страна на СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 од КЗ“, се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот