Во Бугарија потврдени 330 нови случаи на коронавирус

Во болниците се лекуваат 525 пациенти, од кои 28 се на интензивна нега.

Во Бугарија расте бројот на новозаразени со коронавирусот, откако во последните 24 часа се регистрирани 330 нови случаи.

Тестирани се 3.686 луѓе, а починале уште три лица. Вчера беа регистрирани 240 нови случаи, а завчера, 188.

Во изминатото деноноќие оздравеле 63 лица. Во болниците се лекуваат 525 пациенти, од кои 28 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во Бугарија се регистрирани вкупно 6.672 заразени, од кои 262 починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот