Во болниците „тепачка“ за кревет, за тестирање се чека со денови

epa08798340 An ambulance carrying a patient infected with COVID-19 arrives at the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, North Macedonia, 04 November 2020. The number of newly infected COVID-19 patients in North Macedonia rose to a record number since the pandemic began. The capacity of the hospitals in the country are very close to be full. The Macedonian parliament voted on changes in the legislation regarding the protection of the public from infectious diseases. These changes make wearing face masks mandatory outside of the home. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Околу 700 пациенти со ковид-19 се лекуваат во болниците низ Македонија, а од нив 234 се на кислородна поддршка и 14 на респиратор. Здравствениот систем е оптоварен и мака мачи да ги смести новите заразени на кои им е потребна хоспитализација. Се умира масовно, заразата се шири локално и здравствениот систем е фрлен на колена. За да некој биде сместен во болница, се чека да се ослободи кревет, а во меѓувреме граѓаните се на домашно лекување. Граѓаните се жалат дека здравствениот систем е неспремен да се соочи со напливот на пациенти.

Благојче Петрески од Прилеп тврди дека шести ден неговиот вујко се лекува дома, а нема начин како да му се направи тест, зашто од Центарот за јавно здравје му велат дека тестови немаат.

– Вујко ми е шести ден болен дома и нема како да се тестира зашто во Прилеп нема тестови. Денеска некоја докторка од прилепската болница се јави да му каже на татко ми да го донесе со приватно возило во болницата во Прилеп да му дадат инфузии. Немале да му пратат медицинско возило. Кашла, се гуши, има симптоми, а тие не можат да го тестираат, велат немало тестови во Прилеп. И по пет и десет дена се чека за тестирање. Тоа е проблемот. И така приватните болници го прават профитот, а ние што плаќаме здравствено осигурување во Фондот тоа го правиме за џабе, не можеме да добиеме услуга. Замислете, вујко ми денеска е транспортиран со сите можни симптоми на ковид-19 во болница и тоа во наше приватно возило!? Кој ризик е тоа – раскажува револтирано Петрески.

Тој вели дека институциите се целосно неподготвени да одговорат на потребите на граѓаните.

– Во ЦЈЗ Прилеп вчера се јавуваме, ни велат дека имаат лаборанти и цел Прилеп можат да го тестираат, ама немаат тестови. Џабе се зборува дека сѐ е подготвено кога на терен сето зголемување на бројот на заразени е поради неспремноста на државното здравство. Вујко ми е цело време дома. Пие сумамед, витамини и се гуши и нема подобрување на работите. После велат пациентите доцна се јавувале во болниците!? Го вратиле, не му дозволиле да се хоспитализира. Само најтешките случаи ги третираат, а потоа се правдаат дека големиот број починати е поради доцното јавување во болница. Каде е тука логикатапрашува Петрески.

Државата нема абер да покрива дел од трошоците за лекување на приватно

Изминатата недела се регистрирани дури 5.800 нови пациенти со ковид-19 што претставува зголемување од 70 проценти споредено со минатата недела. Најголем дел од нив, речиси половината, се од Скопје. Најголемиот број од новите случаи од минатата недела се на возраст од 30 до 39 години, вкупно 1.283 лица. Повеќе од 1.000 новозаразени има и во возрасните групи над 40, 50 и 60 години.

Најзастапени симптоми и понатаму се температура, малаксаност, кашлица, главоболка, болка во грлото, треска, болка во мускулите, губење на чувството за мирис и вкус и отежнато дишење. Вкупно активни случаи во земјава моментално се 11.194 лица, а од почетокот на пандемијата до денеска, животот како последица од компликации од ковид-19 го загубија 1.049 граѓани.

Во меѓувреме болниците во Скопје, Штип, Тетово, Битола, Прилеп, Куманово, Струга, Гостивар, Кичево, Дебар, Струмица како и приватните клиники во Скопје се пополнуваат забрзано.

Епидемиологот доктор Јованка Сурлакова-Коровешовска од Центарот за јавно здравје Охрид, за „Слободен печат“ вели дека во охридската болница има ,,тепачка“ за хоспитализации.

Д-р Јованка Сурлакова Коровешовска: Егоизмот е голем, со ковид-19 одат на работа и кријат симптоми

– Сите сакаат да се хоспитализираат, зашто мислат дека е подобро да имаат надзор од лекар. Се тепаат да бидат хоспиталзирани. А дел од нив сметам дека воопшто не треба да се хоспитализирани зашто им го зафаќаат местото на тие со потешка форма на болеста. Оние со многу тешка клиничка слика се испраќаат во Скопје, на Инфективната клиника – вели докторката.

Здравствените власти со 13.000 брзи тестови, кои за 15 минути утврдуваат дали кај тестираниот е присутен коронавирусот, ќе се обидат да ги детектираат случаите на ковид-19 во земјава. Овие тестови се бесплатни и се донација. Дел од нив се распоредени низ 13 болници во државата и ќе се користат пред интервенции.

На Клинички центар уште 150 кревети за пациенти со ковид-19

Сите интерни клиники во склоп на Клиничкиот центар ќе примаат ковид-пациенти и истовремено ќе ги примаат и оние што немаат ковид-дијагноза, како дел од стратегијата за проширување на болничките капацитети на Министерството за здравство. На ваков начин уште 150 кревети ќе бидат обезбедени на Клиничкиот центар за третман на оние на кои им е потребно болничко лекување, а имаат компликации од коронавирусот. Овие пациенти ќе бидат одделени во посебни зони, за да не се наруши нормалното функционирање на одделите што примаат пациенти за редовни интервенции или рутински контроли.

Изгор скапо е да се лекувате од ковид-19 дома!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот