Во Боливија уништени три големи импровизирани фабрики за производство на кокаин

Кокаин заплена/ Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

 Боливиската полиција денеска соопшти дека открила и уништила три огромни фабрики, во кои дневно можеле да се произведат околу 900 килограми крек.

Импровизираните фабрики биле скриени во шумските резервати и национални паркови во три боливиски  провинции.

Боливискиот заменик-министер за социјална одбрана и контролирани супстанци, Џејми Мамани изјави дека одредите за борба против дрогата во изминатите четири месеци заплениле рекордни 7,41 тони кокаин.

Тој додаде дека исто така продолжува и уништувањето на посевите со кока во Лос Џангас и во Ел Чапаре

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот