Во БиХ пристигнуваат дополнителни сили на ЕУФОР

ЕУФОР / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Дополнителни сили на ЕУФОР почнаа да пристигнуваат во Босна и Херцеговина како мерка на претпазливост за зајакнување на стабилноста во БиХ, пренесува Бета.

Сараевските медиуми денеска објавија дека секој ден во БиХ пристигнуваат по десет до 20 возила и дека со новите сили на ЕУФОР во Босна и Херцеговина ќе бидат распоредени над 1.000 војници кои ќе гарантираат стабилност заедно со вооружените сили на БиХ.

ЕУФОР претходно објави дека повеќе од 2.000 нивни членови се подготвени да дојдат во БиХ во секое време, како дополнителна поддршка.

ЕУФОР предупреди дека влошената безбедносна ситуација на меѓународно ниво може да предизвика нестабилност во БиХ.

„Распоредувањето на овие сили е превентивна мерка преземена за зајакнување на стабилноста во БиХ со позиционирање на доволен број способни сили во земјата за поддршка на институциите на БиХ во одржувањето на безбедна и стабилна средина”, соопшти претходно ЕУФОР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот